Прилепчанец се повредил на своето работно место, работејќи на објект во Битола, а по падот констатирани му биле тешки повреди.
Според дневниот билетен на МВР, вчера околу 12,30 часот пријавено е дека на улица “Студенска“ во Битола додека Д.П. (55) од Прилеп поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот, паднал и се здобил со повреди. На Д.П. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.






