Денес во црквата “Св. Недела“ во Битола, по литургијата, се одржа Молебен кој од одржаа свештениците од оваа црква предводени од Отец Никола Неделковски заедно со Отец Пенчо Пусовски, за учениците и студентите, Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли, да имаат добар успех и да бидат радост на своите родители и од полза на татковината.
На молебенот на сите присутни ученици и студенти им беа дарувани осветени мали крстови.
-Во мир на Господа да се помолиме. За да им се испрати на овие ученици дух на премудрост и разум, и да им се отворат умот и устите, и да им се просветат нивните срца, за да примат награда за доброто учење, да се помолиме на Господа. За да им се всади во нивните срца начело на премудроста, и твојот Божествен страв, и со тоа да се истера од нивните срца нивната бунтовност, и да им се просвети нивниот ум, за да се оддалечуваат од зло и да прават добро, да се помолиме на Господа. За да им се отвори нивниот ум, за примање и разбирање и помнење на сите добри и душеполезни учења, да се помолиме на Господа. За да им се дарува Неговата сопрестолна Премудрост, и за да се всади во нивните срца, та да научат што е угодно пред Него, да се помолиме на Господа. За да напредуваат во премудроста и возраста во слава Божја, да се помолиме на Господа. За да бидат тие радост и утеха на своите родители и тврдина на Светата Православна Црква со нивната премудрост и добродетелен живот, и со непоколебливоста во православната вера, да се помолиме на Господа, беше речено на Молебенот.

Во црквата “Св. Недела“ во Битола се одржа молебен пред почетокот на школската година, за успешна училишна година
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Фото на денот: кај безистенот, 8,30 часот, 15 степени
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите





