Press "Enter" to skip to content

Отчет на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за мандатот од 2021 до 2025

Со одговорност, транспарентност и посветеност во работењето, реализирани стотици проекти, претставени на сто страни, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги претстави сумираните резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година.

Овој отчет претставува јасен доказ дека стратешкото планирање и упорната работа можат да ја претворат визијата во конкретни дела. Тој е сведоштво дека Битола чекори напред со проекти кои оставаат траен белег за идните генерации.

Во отчетот на градоначалникот Коњановски, граѓаните можат да се информираат за капиталните и други проекти, насочени кон развој и модернизација на општината во интерес на сите нејзини жители.

Меѓудругото, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/otchet-2021-2025/, претставени се проектите:

  • Осветлување на архитектонскиот бисер Широк Сокак
  • Изградба на влезот во Битола од Охрид
  • Изградба на влезот од Скопје
  • Изградба на велосипедски патеки
  • Изградба на Нов парк во Нова Битола
  • Поставени фотоволтаици на 10 училишта
  • Изградба на детска градинка во АРМ
  • Изградба на нова противпожарна зграда
  • Стадион „Петар Милошевски“: комплетирана северната трибина, реализација на проект за јужната трибина, подготовка за меѓународен натпревар
  • Подготовка на нов ГУП за Општина Битола
  • Дигитализација на дел од услугите
  • Партерно уредување и осветлување кај Офицерски дом
  • Реконструкција, осветлување и хортикултурно уредување на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“
  • Изградба на пешачка патека „Тумбе кафе – Смолево“
  • Авантуристички парк на Пелистер
  • Поддршка за изградба на Планинарски дом „Копанки“
  • Изградба на „Памп трак“ полигон за велосипедисти, „Бајк парк“ Смолево, болдер ѕид за качување
  • Нови детски паркови
  • Нова детска градинка во поранешниот дом за доенчиња и мали деца
  • Нови спортски терени во ООУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба
  • Изградени и реконструирани улици и патишта во должина над 50 километри
  • Започнати со реализација 14 од вкупно 16 проекти, поддржани од Владата на Република Македонија
  • За Општина Битола од Владата доделени 707 милиони за 65 нови проекти
  • Нова противпожарна опрема
  • Урбано зазеленување и чистење депонии
  • Финансиска поддршка за првооделенците и талентираните и наградени ученици
  • Инвестиции во детските градинки, основните и средните училишта
  • Социјална заштита, поддршка за лицата со попреченост, лицата со ретки болести, жртвите на родово и семејно насилство
  • Поддршка на културни манифестации, спортски клубови и високи спортски резултати…

Отчетот за периодот 2021–2025 година ја отсликува доследноста во работењето на локалната самоуправа, реализираните проекти и заложбата за континуиран развој на општината.

Презентираните резултати ја потврдуваат насоката кон одржлив, модерен и европски ориентиран град, како и посветеноста во управувањето со јавните ресурси и успешното спроведување на развојни политики, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата и социјалната заштита во Општина Битола.