Навивачката група “Чкембари – Ветарани“ не го заборави нивниот другар Атанас Смилков, кој сите го знаеја само како Кенан. Во таа чест еден од најдобрите другари на Кенан, Никола Талевски – Јапано, денешното искачување на врвот Магаро, му го посвети нему.
Јапано на врвот Магаро, истакна блуза со ликот на Кенан, како спомен на него и да ја одбележи годишнината од неговата смрт, на која тој напиша: легендите живеат вечно – ЧКЕМБАРИ.
Да потсетиме деке Кенан ненадејно и предвреме почина пред шест години, а ќе остане запаметен кај армијата навивачи “Чкемари“ како еден од основачите на оваа навивачка група во 1985 година заедно со Јапано, Крто, Ефто, Веле… како човекот кој си сними сите навивачки песни и кој отпеа најголем дел од нив.
Пред смртта беше комесар за безбедност на фудбалскиот клуб Пелистер.






