Денес, Република Македонија одбележува 34 години од историското референдумско „ДА“ – ден кога народот достоинствено го избра патот на самостојноста, независноста слободата и сувереноста.
По повод овој значаен ден, пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии.
Со овој настан, се оддаде почит на сите што со визија, жртва и идеја ја градеа современата македонска држава.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! Да ја чуваме слободата, да ја негуваме независноста, да ја браниме татковината, да создаваме дела за нејзин напредок – секој ден, со секој чекор“, порача градоначалникот Коњановски по повод „8 Септември“ – Денот на независноста.






