Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: Во Могила удрил во бетонски столб завршил на болница

На 08.12.2018 година во 02,05 часот било пријавено дека во с. Могила-битолско патничко моторно возило “Хјундаи акцент“ со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С. (22) од с. Могила-битолско, удрило во бетонски столб. Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.