Деновиве комплетно е завршена реконструкцијата на обиколницата над Битола, и сообраќајот по неа се одвива непречено.
Со рекомтрукцијата е “изгребан“ стариот асфалт, поставен нов, со чакал се послани банкините, има поставено нови сообраќајни знаци и столбчиња за одбележување на патот, одбележани се коловозните ленти, тампонирани паркинзите.
Сетоа ова е во ред, но кога поминувате по обиколницата без разлика дека возите по нов асфалр, околу патот е старата слика, исфрлано ѓубре, направени десетина нови депонии, а дури и на асфалтот е пален оган и ако се продолжи вака сигурно ќе биде оштетен.
Додека застанавме да фотографираме на мостот тамошните жители се сокрија, избегаа да не го фотографираме, а еден битолчанец кој пешачеше таму ни рече:
-Бадијале е сето овам гледате за колку малку време патот е веќе стеснет, а тука точно на мостот имаше запалено голем оган. Да му е жал на човек ова да го гледа. Без разлика, не сакам да кажам, кој го правел, не може вака да се однесуваат жителите од тука. Кога поминував додека се работеше ми се жалеа и работниците кои работеа тука. А дали видовте дека тука има отпад за автомобили на самиот тротоар малку погоре. Овде како да е донесено целото ѓубре, како велат самите Роми од долу.
Погоре не се искачивме, но подолу видовме дека има депонија на која има растурено десетици раскршени фрижидери, а се е расфлано, а сето тоа ќе заврши на новиот асфалт за брзо време. Да не носиме заклучок пред време дека сите Роми кои живеат тука загадуваат, но на оние неодговорните кои прават штета, мора да му најде начин тоа да не го прават.
С.Р.






