Неколку дена екипи на јавното претпријатие “Комуналец“ работеа на уредување на дрворедот на улицата “Иван Милутиновиќ“ (Филип Втори), на потегот од стоковната куќа “Јавор“ до крстосницата кај “Бела Чешма“, го кастреа старите гранки на дрвјата кои при секој посилен ветар или како што беше неодамна со врнежите од снег, се кршеа и паѓаа, а при тоа оштетија и некои возила.
Акцијата на “Комуналец“ се одвиваше во раните утрински часови, а сообраќајната полиција го регилираше сообраќајот, па така иако оваа улица е една од нафреквентните не дојде до прекин на сообраќајот.
Сега откако се искастрија дрвјата во вечерните часови ќе биде осветлен и тротоарот бидејќи поради густината на гранките кога имаат лисја не пробиваше светлината од уличното осветлување, кое е повисоко поставено над дрвјата.

Фото вест: “Комуналец“ го уреди дрворедот по “Иван Милутиновиќ“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)





