Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: сообраќајка кај влезот во Битола, четворица повредени

На 10.12.2018 година околу 9,30 часот се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (28) од село Сопотница, Демир Хисар со сопатник Е.К. (21), исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „фиат дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К. (44) од село Ерековци, прилепско и сопатник Н.Ц.(19) од истото село.

Во незгодата Б.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид на местото на настанот.