Press "Enter" to skip to content

Раководителот на ПE на МЗШВ, Методија Илиевски во контрола на откупните пунктови за тутун

Раководителот на Подрачната единица на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Илиевски, денеска  повторно беше на терен помеѓу производителите на тутун на откупните пунктови во Општина Могила, а ги посети и откупните понктови во село Добрушево.-Тутунот како важна култура во земјоделството како и неговото производство во пелагонискиот регион претставува значајна гранка. Производството на тутун години наназад континуирано се произвдедува што асоцира на добра земјоделска практика и стабилно производство. За извоз на странските пазари е наменето и 90% од производството на тутун, а приливот на финансии е доста добар за самите производители. Важноста на оваа земјоделска гранка е голема, а поради тоа беше причината повторно да се појавиме на откупните пунктови,  изјави Илиевски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »