На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ од КЗ. Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.09.2025 во 18:30 часот во СВР Битола, Б.П.Т. (42) од Битола пријавила дека во село Нижеполе,битолско била физички нападната од соседот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.