Денес, петок, 26 септемри, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, сабота, 27 септември, во Битола времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 20 степени.