-Ресторанот “Лозар Винарска визба“ работи само три месеци, а да бидам искрен ние се чувствуваме тука како да сме цел живот, ни рекоа од едно битолско друштво кои тука редовно доаѓаат на доручек или пак ручек.
Да се добие ваков комплимент од сериозни кафански лица е причина повеќе за задоволство од тоа што сте го направиле, и поттик да продолжите со работата во истата насока.
Менаџерот на ресторанот “Лозар Винарска визба“, Оливер Митревски, исто како и гостите не го крие задоволството од постигнатото откако е отворен овој ресторан.
-Да бидам искрен и малку несромен од една страна го очекував ваквиот старт на ресторанот, но поради претпазливост не сакав тоа јавно да го кажам, туку на целиот персонал во ресторанот им велев дека сме најмлад ресторан во Битола и дека квалитетот на се она што нудиме мора од ден на ден да биде на се повисоко ниво. Мислам дека за само три месеци откако сме отворени имаме добри препораки од гостите кои биле тука. Мене ме радува посебно што освен рекламата која ни ја прават гостите кои биле тука, на другите гости кои ни кажуваат дека дошле тука по препорака, и оние кои не препорачале се повторно тука. Затоа не ме чуди дека некои ви рекле дека се одомаќинети тука, вели менаџерот, Оливер Митревски.
Кога го запрашавме поради што гостите се враќаат тука, тој брзо одговори:
-Веднаш ќе ви кажам. Тоа е што имаме константно квалитетна храна, одлична услуга, надополнето со наши вина кои ги слуѓиме со храната. На сето кога ќе споменам дека имаме пристојни цени. Мора да кажеме дека имаме одличен топол амбиент во ресторанот кој нуди сместување на парови или поголеми друштва. Ако додадам дека имаме и сопствен бесплатен паркинг, тое би било заокружување на целокупната понуда која може да ја понуди секој сериозен ресторан.
Секогаш кога ќе се спомене расторан на прво место е храната, за која гостите велат дека нема отстапивање во квалитет и количина. За храната е задолжен младиот готвач, Влатко Митревски.
Тој за храната која ја подготвуваат и сервираат за гостите додава:
-Најтешко во ресторан е да ги погодите вкусовите на сите гости,а ние тука во ресторанот “Лозар Винарска визба“ тоа лесно го направивме. Се трудиме да им излеземе во пресрет на сите гости, а тие нашите напори ги препознаваат, не фалат и пак се враќаат да ги вкусат истите вкусови или пак да им подготвиме нешто ново. Посебно сум горд на мојот тим бидејќи освен пофалби, од менаџерот и келнерите не ми се пренесени никакви забелешки за храната. Но, ние не застануваме тука и не се радуваме многи на пофалбите. Ние и понатаму ќе се трудиме храната која ја нудиме од месо на скара, риба или морска храна да биде подготвена по сите стандарди и да биде по мерак на гостите.
Ваквите препораки се добредојдени пред новогодишните празници, а затоа како за нив подготвуваат менаџерот Оливер Митревски вели:
-За три месеци колку што работиме го испитавме пулсот за тоа каква храна да им понудиме на гостите и секако по кои цени. За поединците, за малите друштва или за оние кои ќе дојдат тука предновогодишно да се забавуваат имаме подготвено три мениа, а мислам дека секој може да се определи за што ќе се одлучи. Секако за поголем број на гости стоиме на располагање за дополнителни измнени на менито, по нивно барање. Сите гости кои ќе бидат во нашиот ресторан имаме обезбедено да ги забавува реномиран оркестар, додава:
-Сите сме подготвени за новогодишните и божикните празници на битолчани и на сите намерници да им понудиме добра храна, услуга и забава, а според тоа како се прават резервациите сметам дека сме им погодиле вкусот на нашите гости.