-Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи. 504 битолчани се најдоа на листите, 8 кандидати за градоначалник, 496 кандидати за советници на 16 листи.
Денеска, 29 септември, и официјално почнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври, во рамките на која партиите и независните кандидати ќе имаат можност да ги претстават своите програми пред гласачите.
Изборната кампања ќе трае до 17 октомври на полноќ, по што ќе следи 24-часовен предизборен молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг од гласањето за градоначалници е предвидено да се одржи две недели подоцна, односно на 2 ноември, во оние општини каде кандидатите нема да освојат доволно гласови во првиот круг.