Струга Трим Лум – Пелистер 2:0
Екипата на Пелистер е поразен во Струга со резултат 2:0, полувреме 0:0, во рамките на Првата македонска фудбалска лига, а на клупата го немаша тренерот Капинковски поради обрвски со У18 репрезентацијата на Македонија.
Најголем дел од првиот дел помина без некои шанси за гол на двете страни. Струга се обие преку Компаоре и Бојку, но без успех.
Во второто полувреме прва шанса за Струга во 60 минута, а потоа и Малески. Пелистер се закани преку Белиќ со удар од преку дваесет метри.
Последните петнаесет минути се одиграа по невреме со пороен дожд. Во 84. минута Малески ја искористи грешката на Ангелевски и Белиќ и со сигурна реализација го совлада немоќниот Јовчевски за водство на домаќинот од 1:0. Стрелец на вториот гол повторно беше Малески по асистенција на Компаоре за конечни 2:0.
Пелистер, по петти пат по ред е поразен и останува на десеттото место со само шест бода.