Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: проведување за дрога, малолетничко насилство, со “шевролет“ излетал од патот

На 29.09.2025 во 15:15 часот на ул.„Илинденска“ Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 38 годишник од Битола затоа што кај него е пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 29.09.2025 во 09:30 часот во СВР Битола, П.Л. (54) од Битола пријавил дека на ул.„Климент Охридски“ во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 29.09.2025 во 17:17 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „шевролет”со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(42) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.