Press "Enter" to skip to content

Бугарија ќе реновира училишта во селата Бач, Радобор и Долно Чарлија

Во генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола, градоначалниците на општина Новаци Љубе Кузманоски и  градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска и генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на општините Новаци и Могила врз основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.Финансиската помош се доделува за реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во село Бач во општина Новаци и реконструкција на две подрачни училишта во селата Радобор и  Долно Чарлија во Општина Могила.-Соработката со Р. Бугарија преку Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола дава позитивни придобивки. Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа. Со реконструкцијата на подрачното училиште во село Бач ќе ги подобриме условите за настава, со што би обезбедиле поквалитетен, поефикасен образовен процес, рече градоначалникот Кузманоски.