Во кино “Манаки“, Битола фондацијата “Гаус Институт“ ја организира втората завршна конференција за проектот Обновливи извори на енергија за греење на битолскиот регион, проект кој го спроведува во партнерство со фондацијата “100 проценти од обновливи извори“ од Берлин, Германија.
Проектот Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион е дел од Европската климатска иницијатива (EUKI). EUKI е инструмент за финансирање на проекти од германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Главната идеа на проектот е декарбонизација на централното греење во Битола со користење на топлински пумпи и електрична енергија добиена од обновливи извори на енергија.
На конференцијата се обратија градоначалникот на Битола Тони Коњановски и ректорот на Универзитетот “Св Климент Охридски“ – проф. д-р Игор Неделковски.
Модератор на конференцијата беше д-р Бети Анѓелевкска професор на Технички Факултет Битола.
Од страна на проектниот менаџер м-р Весна Неделковска од “Гаус Институт“ беше презентиран развојниот пат на проектот, начинот на имплементација како и активностите што беа реализирани во изминатите две години.
Потоа од страна на надворешните експерти во проектот д-р Нелсон Сомерфилд (Шведска), Горан Неделков, Сузана Кочанковска Трајковска и Горан Илиќ беа презентирани резултатите добиени со обемното истражување и анализирање на различни сценарија за топлински пумпи и обновливи извори на енергија.
На конференцијата свои излагања имаа и извршниот директор Харалд Упхоф и проектниот менаџер Тибор Остерих од фондацијата 100 % од обновливи извори од Берлин.
Анализите во рамките на проектот потврдија дека топлинските пумпи се технички способни да обезбедат 100% од топлината за Битолската мрежа за централно греење. Според ефикасноста, најдобро решение е топлинската пумпа на отпадни води со сезонски коефициент на перформанси до 4,2, но според капитални трошоци најповолна е топлинската пумпа на свежа вода на локацијата на РЕК “Битола“, каде веќе постои главниот топловод и приклучок на мрежата.
Исто така на конфернцијата се образложија и заклучоците од истражувањата како и идните препораки за имплементација на овој проект. Со оглед на големата инвестициска вредност, ваков капитален проект може да се реализира само со помош на државата со неповратни грантови и поволни кредити. Изготвените извештаи и студии понатаму ќе им бидат доставени на сите релевантни јавни институции, министерства, ЕСМ и сл.
На конференцијата беа присутни и претставници од Министерството за енергетика рударство и минерални суровини, ЕСМ, АД “Топлификација“, општина Битола, Општина Новаци, невладини организации, претставници од јавните претпријатија од градот, од Центарот за развој на Пелагонискиот регион, и од многу приватни фирми и останати граѓани кои пројавија интерес за конференцијата.
-Проектот „Обновлива енергија за греење во битолскиот регион“, реализиран во рамки на Европската климатска иницијатива (EUKI), ни овозможува да создадеме јасна визија и патоказ за иднината – иднина ослободена од загадувањето на јагленот и изградена врз обновливи извори на енергија. Овој проект не е само извештај или техничка студија – тој е предлог за трансформација, визија за тоа како Битола може да стане симбол на праведната енергетска транзиција и модел за целиот регион, на крајот истакна проекниот менаџер Весна Неделковска.

Втората завршна конференција за проектот “Обновливи извори на енергија за греење на битолскиот регион“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд, температурата до 25 степени
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша





