Press "Enter" to skip to content

Ана Николовски освојува со нејзиниот талент, глас, стајлинг и харизма, носи креации од “MAYA“ бренд од Битола (фото)

Малата Ана Николовски како вистинсkи професионалец води грижа и визуелниот настап каде се претставува со стајлинг кој одговара на интерпретацијата. На неколку нејзини настапи носи креации од “MAYA“ бренд од Битола во креација на младата Маја Андревска, чии креации можат да се најдат во бутик „Амор“ Стара битолска чаршија.

Малата Ана Николовски од Битола пее и свири на пијано. Учи во Државното музичко училиште во Битола од мала возраст, а започнува да пее на 5 години во детски хор “Ѕвончиња“. Ученичка е во ОУ “Стив Наумов“ во Битола.Денес таа има само 9 години, но пред публиката стои млад уметник со неверојатен потенцијал и душа полна со музика! Таа се истакна со својот талент на “Јас имам талент – WAF CONTEST“, “Ослободи го својот глас“ каде ги освои срцата на сите и освои први места.

Прекрасен настап и интерпретација на песната “Wish“ на летната работилница “Ослободи го својот глас“ во организација на “Korunovska music andsinging“. Покрај вокалните квалитети свири на пијано каде освојува многу награди, а оваа година прва награда на “Пиано Фест“.

Денес нејзиниот глас, на само 9 години веќе се развива кон класичната убавина на пеењето…

More from ВестиMore posts in Вести »