Во организација на Националниот парк “Пелистер“ од Битола, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа симулациско-показна вежба во близина на Ѓавато.
Главна цел на оваа симулациско-показна вежба е како институциите да се справат со пожар на отворен простор од пошироки размери.
Еден од најважните елементи во ваков катастрофален процес е како да се подобри координацијата и комуникацијата меѓу сите надлежни институции, нивната подготвеност да делуваат на терен во случај на пожари, како и можна евакуација и прва помош на загрозеното население.
Во акцијата се вклучија и битолските пожарникари, припадниците на ОО на Црвен крст Битола, брзата помош, СВР Битола и Медицинскиот центар.
Ваквите иницијативи во голема мерка даваат свој придонес преку подготвеноста и навремена реакција, со цел да се даде максимален учинок во заштитата на животната средина.