Технолошко-технички факултет Велес, единица на универзитетот “Св. Климет Охридси“ Битола успешно ја одржа првата меѓународна научна конференција од областа на наука за храна, нутриционизам, иновативни технологии и одржливост. Научниот одбор на конференцијатата е од 11 земји од светот, а со свои трудови учество на конференцијата зедоа повеќе од 100 автори. Од конференцијата произлезе Книга на апстракти, а ќе биде објавен и Зборник на трудови.
Меѓународниот собир опфати и обраќа од претставници од Организациониот одбор: деканот вонр. проф. д-р Везирка Јанкулоска, продеканот за наука и меѓународна соработка проф. д-р Весна Книгхтс и продеканот за наука и меѓународна соработка вонр. проф. д-р Александар Станковиќ од Факултетот за применети науки од Ниш, Република Србија, кои посакаа успешна конференција со плодни дискусии и решенија за денешните и идните предизвици од областа на храна, нутриционизам и одржливост.
Излагања како поканети предавачи имаа и: проф. д-р Јасенка Гајдош Кљусуриќ, од Прехранбено-биотехнолошкиот факултет од Загреб, Република Хрватска и проф. д-р Гокхан Дурмаз од Инону Универзитетот Малатија, Турција и Универзитетот во Масачусетс Амхерст, САД, кои говореа за примената на современи техники и методи за развој и одржливост на храната и исхраната.
Авторите имаа можност да ги претстават своите трудови во повеќе сесии: наука за храна; функционална храна, нова храна, иновативни технологии и иновативни продукти; нутриционизам; исхрана кај хронични болести; микробиолошка, хемиска и биохемиска анализа на храна, квалитет и безбедност на храна; моделирање и оптимизација во прехранбена технологија и нутриционизам; храна, одржливост и животна средина.
На конференцијата што ТТФ Велес ја организираше на 03.10.2025 година беа презентирани трудови од научници, експерти и практичари од различни земји кои понудија заеднички решенија, со цел да се обликува храната и исхраната на начин кој ќе биде поодржлив, побезбеден и поздрав.
Дискусиите и трудовите презентирани на оваа конференција отворија нови патишта за соработка и поврзување и нови хоризонти за истражување помеѓу научниците – инспирација и за идните генерации научници.

Успешна – Прва меѓународна научна конференција на Технолошко-технички факултет Велес, единица на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)





