На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 49 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 45 години од Битола и неговото куче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 07.10.2025 во 16:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, 54 годишник од Битола го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.