Хотел “Молика“ соопшти дека оваа скијачка сезона на ски-патеката “Копанки“ ќе има и ноќно скијање.
-Благодарение на поддршката од Владата на Македонија, АД ЕСМ и Општина Битола, започната е изградбата на систем за осветлување кој ќе овозможи сите љубители на зимските спортови да ја доживеат уникатната атмосфера на Пелистер под ѕвезденото небо. Со почетокот на сезоната – ново светло, нови предизвици и незаборавни моменти на култната ски патека Копанки!, соопштија од хотел “Молика“ и им порачаа на љубителите на скијањето и бордањето:
-Спремете ја опремата, магијата на ноќното скијање доаѓа во Битола!