На 14.10.2025 во 01:01 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 44 годишник од Битола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека лицето го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.87 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.