На 13.10.2025 во 11:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во ридот над германските гробишта во Битола било пронајдено тело на починато машко лице. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.
На 13.10.2025 во 09:57 часот во СВР Битола е пријавено дека во с. Крклино, битолско, пронајдна е стара граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата е безбедно подигната и констатирано е дека се работи за граната од Првата светска војна со калибар 105мм.