Вечерва во центарот за култура во Битола се одржа предизборен митинг на кој беше присутен и зборуваше претседателот на СДСМ – Венко Филипче, потпретседателот на СДСМ – Методија Илиевски, пратеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска, коалиционите партнери, членови и симпатизери на патријата.По претставување на кандидатите за советници на присутните им се обрати Петар Николовски – носител на советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
Николовски во своето обраќање рече:
-Тука сме да кажеме не за патризираната култура, да кажеме не за партизираното образование, партизиран спорт, да кажеме не за блокираните јавни претријатија. Вечерва сме тука за да не увериме дека немаме друг дом, а и за оние кои не се тука, да покажеме дека се бориме за чиста, конзулска Битола, за Битола со реални решенија кои ќе ја вратат Битола на исто ниво со европските културни центри. Битола не е са град на убави згради и славна историја туку таа е наша таковина во мало, нашиот спомен, гордост и иднина. А, како изгледа таа Битола, полн Широк Сокак млади кои си ја сакаат својата иднина да им биде тука, во нашиот роден град Битола. Млади кои сакаат чесно да заработа, млади кои сакаат да не го напуштат својот дом, својата љубов, другарите, комшиите, и да се борат за нашиот дом, рече Николовски и упати порака:-Градот на колзулите има сила и желба за промени. За пет дена, бројот пет ќе ја донесе најголемата промена во Општина Битола.
Кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски во своето обраќање пред присутните рече:
-Вечерва сме тука обедити од една идеја дека Битола заслужува подобро, дека Битола заслужува честа, способна и работлива власт. Тука гледам лица кои сакаат добра иднина, луѓе кои сакаат да стават крај на изневерените ветувања, на нерелизираните надежи, на летаргијата и безнадежноста која ВМРО-ДПМНЕ и Тони Коњановски ја донесоа. Денес, повеќе од било кога Битола има потреба од заедништво, ние имаме потреба од заедништво од искуството на оние кои го граделе овој град, и енергијата на они кои што се спремни, да го водат напред. И оваа вечер е повторно таква дека сме сите повторно заедно, дека повтрно зборуваме во еден глас, дека сите имаме една иста и заедничка цел, а тоа е Битола, да ја вратиме на вистинскиот пат.
-Имаме програма кој не е напишана за реклама, туку да даде реални промени во животот на луѓето. Другите ветуваат е ние планираме, и ова борба да се врати достоинството на Битола, гордоста, духит на најградскиот град во Македонија. Битола време е за прествр, време е за вистинско лидерство, ние не бараме доверба, ние ја заслужуваме довербата. Битола на 19 октомври ќе покаже дека знае да избере, рече Куновски.
-Работа место оправдувања, да се избере иднина наместо стагнација. Ова е моментот кога Битола ќе каже доста беше застој, доста беше разочараност. Време е Битола да се движи напред, да покажеме дека нашата Битола е жива, гласна и обединета околу вредностите што сите нас не прават заедница, порача на крај Куновски.
-Тука сме затоа што нешто длабоко во нас не тера да не молчиме, со овие зборови се обрати вечерва Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во Битола. Тој ги поздрави граѓаните велејќи им дека ја разбира причината за нивната бројност, а тоа е подготвеноста да го бранат она кое СДСМ го градеше со генерации.
-Битола е оставена на маргините. Како град кој е препознатлив по културата, по историјата, по урбаниот дух денеска се гуши во застој и запустеност поради неспособноста на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност. Но битолчани не се луѓе што молчат. Никогаш не сте молчеле кога вредностите биле нападнати. Никогаш не сте стоеле настрана кога било време да се покаже став. Битола никогаш не била нем набљудувач туку секогаш била двигател на промена, потенцираше Филипче.
Филипче од Битола силно порача дека доста се неправди, СДСМ се враќа.
–Затоа од овде пораката што ќе се слушне низ цела Македонија е: СДСМ се враќа! Се враќа со јасна визија, со длабока самосвест и со поголема одговорност. Се враќа со работа со чесни ветувања и со луѓе што знаат што значи да се биде на страна на народот. Луѓе што се тука да служат, а не да владеат, рече Филипче во Битола.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека 19 октомври е повик за враќање на нормалноста.
–На 19 октовмри одговорот е кај народот. Одговорот сте вие. Одговорот ќе дојде од секоја врата, од секое маало, од секое семејство кое веќе знае: доста беше. Време е за враќање на нормалноста. Време е за политика што носи резултати, не изговори. Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Сашо Ристевски