Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ мајсторот по боречки спортови од Битола, по 50 години тренерска кариера, ја доби титулата самурај (фотогалерија)

-Вечерва во Народниот театар во Битола се одржа свечена академија и проекција на  документарниот филм “Ѓуро Илиќ… да се биде подобар од вчера…“, на сенсеи Ѓуро Илиќ му беше доделено најголемата титула ханши -самурај и носител на црвен појас, а му беше врачена калиграфија и традиционална катана – оружје на самураите, а му ја додели Интернационална Будо Федерација.

Во преполната сала на Народниот театар во Битола беше одржана свечена академија на која беа одбележани 50 години тренерска работа на битолскиот мајстор на Битола и пошироко, сенсеи Ѓуро Илиќ.За големата тутила, самурај, која ретко кој ја добил во овој регион, зборуваше Извршниот директор на Интернационалната будо федерација, мајстор Буразеровиќ рече:-Голема е благодарноста кон Ѓуро Илиќ за поканата и честа да сме присутни на оваа свечена академија на која тој прославува 50 години тренерска кариера, а сакам оваа прилика да ја искористам и за промоција на нашиот голем пријател и мајстор. Во оваа прилика сенсеи Ѓуро Илиќ ќе биде промовиран во ханши и носител на црвен појас. Големиот мајстор Илиќ сега е вистински самурај, а со тоа добива е една калиграфија на која е испишана титулата самурај. Илиќ го добива и оружјето на самураите, односно душата, јапонскиот меч – катана која исто така му ја доделува Интернационалната будо федерација.Катаната на Ѓуро Илиќ му ја додели Хидехару – претседател на Интернационална Будо Федерација.Претходно на сите присутни им се заблагодари за присуството и славеникот сенсеи Ѓуро Илиќ кој кратко рече:-Се што имав да кажам за мојата кариера и за мојот живот беше кажано на документарниот филм кој имавме прилика да го гледате на почетокот на свечената академија, а сакам да им се заблагодарам на малата екипи со која го подготвувме филмот. Сега само ќе додадам, почитувани дами и господа, за вашето присуство и почитување за мене, и ќе ви порачам, да бидете подобри од вчера.Илиќ им додели плакети на Регионалната стопанска комора – Битола, на претседателот на будо федерацијата на Македонија, на Врачаревиќ -ќерка на големиот другар и соработник Врачаревиќ од Белград, Србија, Хидехару – претседател на Интернационална Будо Федерација и Асами – мајстор на вештини, двaјцата од Јапонија, Мејфилд од САД потпретседател Интернационална Будо Федерација мајстор Буразеровиќ од Србија – извршен директор на ИДФ.Документрарниот филм „Ѓуро Илиќ…да а се биде подобар од вчера…“ се подготвуваше повеќе од 6 месеци, а беше прикажана кариера на Илиќ од почетоците со фотографии, видеа и други пишани материјали.Во филмот сенсеи Илиќ зборуваше за неговата тренерска кариера во боречките спортови за професионалниот и приватниот живот, за неговите почетоци во боречките вештини, за прифаќање на тогаш, “големиот залак“ тренерската работа, за надоградувањето, за успесите, за спомените…На филмот зборуваа повеќе од 20 личности со кои соработувал Илиќ низ 50 години тренерска работа, а зборуваат, а како рече еден од говорниците, мајстор по боречки спортови:-Си посакувам вакво старење како големиот Ѓуро Илиќ од Битола, да има став како самурај, да им биде тешко на сите кои се наспроти мене да одржат рамнотежа, а со еден збор да бидат како Ѓуро Илиќ, а нам ни останува само сансеи Ѓуро да продолжи како самурјај, во нов јубилеј.

Сите зборува го фалеа, се восхитуваа, за на крај, да им се поклонат на самураите на сцената од неколку континети, и се припија во прегратките на дедо Ѓуро, неговите најмили, неговите три внучиња.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска