Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерки јунак од Битола го освои златниот медал Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, откако во финалето славеше со судиска одлука 5:0 над Стефан Чамовиќ од Србија.
За жал, неговиот брат, и клубски другар Адријан Рустемовски загуби во финалето од Артур Нагаптјан од Србија со 1:4. На Адријан му недостасуваше кондиција, инаку додека беше свеж покажа дека е подобар боксер. Па така, освои сребрен медал.
Резултати Опен Балкан шампионат:
Сениори
57 кг Адријан Русетмовски (Македонија) – Артур Нагаптјан (Србија) 1:4
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија) 3-2
Финале
60 кг Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) финале 5:0