Деновиве се изведува асфалтирање на ул. „16-та“ во Битола. Завршните активности се изведуваат во должина од околу 100 метри, а општина Битола за реализација на овој проект издвои 1.400.000 денари.
Покрај реконструкцијата на коловозот, претходно беше поставена нова водоводна мрежа за подобро водоснабдување со санација на постојната мешовита канализација.






