Утрово верниците од населбата Боримечка, а и голем број битолчани од другите населби беа во црквата посветена на Свети Никола каде се одржуваше утринската богослужба посветена на овој светец.
Богослужбата која ја извршија три свештеници ја организираше отец Никола кој е во свештеник во оваа црква, а кумови на годинешната прослава на денот на Свети Никола беа Кате, Бети, Светлана и Марјан.
Марјан Стефановски еден до кумовите за кумството вели:
-Свети Никола не ни куќна слава, но сам се пријавив да бидам кум на одбележувањето на денот на големиот светец Свети Никола, а заедно со свештениците, кумите и сите верници кои сме тука во оваа црква да се помолиме да здравје и благосостојба на сите битолчани.
Иако, Свети Никола оваа година е со бела брада како велат старите битолчани, односно има снег и минусни температури сепак голем беше бројот на битолчани кои присуствуваа на богослужбата, а потоа “кренаа леб“ за одбележување на денот и за здравје на оние кои денес слават именден и на нивните семејства.
По за вршувањето на богослужбата за сите верници беше послужен ручек со посна храна, гравче и риба.

Утринска богослужба во црквата “Св. Никола“ во Боримечка (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





