На 27.10.2025 во 22:20 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 25 и 19 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, Д.Џ. (39) од Битола пријавил дека на 25.10.2025 во угостителски објект на ул. „Партизанска“ во Битола бил физички нападнат од едно машко лице, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 27.10.2025 во 18:20 часот во СВР Битола, Б.Н. (57) од Битола пријави дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






