На 05.11.2025 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Буковски мост” во Битола настанал пожар на паркирано патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (29) од село Бистрица, битолско. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 05.11.2025 во 17:00 часот во СВР Битола, Г.Б. (43) од Битола пријавил дека на ул.„Прилепска” во Битола, додека бил паркиран со такси возило, лице од Битола, кого го познавал, со остар предмет го исекол ременот од неговата чанта и од неа одзел дел од парите, а чантата му ја вратил. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.11.2025 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 47 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 05.11.2025 во 19:30 часот на Градски стадион „Петар Милошевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 30 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






