Press "Enter" to skip to content

ФИКТ – Битола домаќин на 15. Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии АИИТ 2025

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, денеска ја одржува 15 Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии АИТ 2025, (XV International Conference on Applied Internet and Information Technologies AIIT 2025), во коорганизација со Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ – Зрењанин при Универзитетот во Нови Сад, Србија.На присутните им се обратија во име на домаќинот, деканот на ФИКТ – проф. д-р Благој Ристевски и претседателот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски.Целите на Конференцијата се усогласени со целите за регионален економски развој. Фокусот е ставен на олеснување на имплементацијата на интернетот и информатичките технологии во сите области на човековите активности.Како што појаснува деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, проф. д-р Благој Ристевски – конференцијата, која по четврт пат се одржува на ФИКТ, обезбедува форум за дискусија и размена на искуства меѓу луѓе од владата, државните агенции, универзитетите и истражувачките институции и практичарите од индустријата.Во рамки на овој научен собир, организирани се работилници од проекти во кои учествува ФИКТ: работилница MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет – начини за справување на учениците, родителите и наставниците со безбедносните предизвици на Интернет и работилница INNOFEIT EDIH – Дигитален хаб за подобрување на дигиталните вештини на наставниците и вработените во МСП и институциите.На тркалезната маса посветена на сајбер безбедноста, учесниците дискутираа за предизвиците со кои што се соочуваат при разрешувањето на проблемите предизвикани од заканите по безбедност на компјутерските системи и мрежи.Учесници на конференцијата се гости од повеќе земји. Пристигнатите над 60 трудови ќе бидат објавени во Зборник на Конференцијата.

More from ВестиMore posts in Вести »