Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола (ЛЕСС), на 5.11.2025 година организираше јавна дискусија посветена на предизвиците и можностите што ги носи енергетската транзиција за Битола и Пелагонискиот регион. Настанот се одржа во рамките на програмата за 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На панелот учествуваа Јешим Сефуловска од Центарот за вработување Битола, проф. д-р Миле Спировски од Техничкиот факултет – Битола, Никола Димковски од Регионалната стопанска комора и Жарко Краус од Конфедерацијата на слободни синдикати. Тие споделија согледувања и препораки за тоа како локалната заедница може успешно да се справи со социјалните и економските импликации од енергетската транзиција, која директно го засега РЕК Битола и поширокиот регион.
Во дискусијата беше нагласено дека енергетската трансформација не ги засега само вработените во РЕК Битола, туку и целокупната локална економија, образовните институции и пазарот на труд во регионот.
Клучна поента беше потребата од континуирана соработка меѓу академијата, стручните училишта, бизнис заедницата и Агенцијата за вработување за навремено прилагодување на кадарот и создавање нови зелени занимања.
Позитивно беше истакнато прераснувањето на Техничкото училиште во Битола во Регионален центар за стручно образование, што претставува голем чекор напред во градењето на локални капацитети за преквалификација и усогласување на вештините со потребите на новата зелена економија.
Настанот уште еднаш ја потврди важноста на отворениот дијалог и партнерството меѓу институциите, стопанството и граѓаните, како предуслов за праведна, одржлива и социјално чувствителна енергетска транзиција во Пелагонија.

Јавна дискусија: „Праведната енергетска транзиција, нејзините социјални импликации и потребите на пазарот на труд“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 15:46 часот календарски започнува пролетта
- Општина Битола: јавен повик за волонтерски акции
- СВР Битола: 71 годишник физички нападнат, битолчанец физички нападнат од повеќе лица
- Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени





