Деновиве пред да заврни последниот снег во атарот на село Смолево, познатото излетничко место на битолчани, волци задавија две питоми кози.
Задавените кози се пронајдени заклани на околу 500 метри над црквата “Св. Атанасие“ под стрежевскиот канал, на пешачката патека која води кон Неолица.
Ова не е прв пат волци да нападнат стадо овци или кози во овој реон над Битола и Стрчин.
Инаку, покрај волци битолчани годинава на овој простор над Стрчин и Смолево честопати среќавале крда диви свињи, а во неколку прилики на поедници во престер им излегувала и мечка. Мечката во неколку наврати во потрага по мед за храна, оштети и демолира кошници за пчели во неколку места на различни сопственици.
Овој период со ниски темпетарури и наврнат снег на падините над Битола дивите животни по потрага по храна се спуштаат и до горните делови на Стрчин. Затоа овој дел иако омилен кај битолчани за рекреација и пешачење сепак не целосно безбеден.
Текст и фото: Д.Ристевски






