Press "Enter" to skip to content

Приведени тројца пијани возачи од Битола, возеле со 1,69, 1,98 и 1,79 промили алкохол во крвта

На 08.11.2025 во 03:05 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.Д. (26) од село Цапари,битолско. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Ф.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.69 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против истиот ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

На 08.11.2025 во 01:16 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.В. (57) од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.В. при што е констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против истиот ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

На 07.11.2025 во 23:12 часот на ул. „Тошо Даскало“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.С. (36) од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.С. го управувал возилото под дејство на алкохол односно измерени му биле 1,79 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува поднесок за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

More from ВестиMore posts in Вести »