Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за учество во “Зимска приказна“ по повод дочекот на 2026 година

Општина Битола објави Јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026 година – Зимска приказна.

1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026  година.

2. Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација и изјава за согласност (дадени во прилог на овој повик) потпишани со печат и скенирани  електронски на е-маил адреса zimskaprikazna@bitola.gov.mk  или во архива на Општина Битола шалтер
бр.3 ( работно време  од 7:30 до 15:30 часот)
.

3. Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните.

Потребните документи, како и критериумите за избор се поставени на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-2026/

More from ВестиMore posts in Вести »