Press "Enter" to skip to content

Планскиот пелагониски регион со нови проекти за рурален развој

Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот.

Во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на МЗШВ во руралните средини на Пелагониските општини ќе имплементира проекти со вкупна вредност од 5 855 968 денари.

Целта на проектите е да се олесни пристапот до обработливите површини, како и да се зголеми и олесни производството на земјоделски производи.

 
More from ВестиMore posts in Вести »