Press "Enter" to skip to content

Три битолски компании ќе имаат сетрификат “Фер со потрошувачот“

Организација на потрошувачите на Битола на почетокот од 2018 година
отпочна со реализација на проектот „Со внимание кон потрошувачот и животната
средина до поголема препознатливост на пазарот“, кој е финансиран од Европската
унија, во соработка со КРЕАЦИЈА, ЗЕНИТ и ОПМ, а главна цел на проектот е
верифицирање на 3 компании од битолскиот регион со сертификат „Фер со
потрошувачот“.

Сертификатот „Фер со потрошувачот“ е заснован врз основа на ISO 26000,
меѓународен стандард кој се однесува на општествената одговорност на компанијата.
Овој стандард е имплементиран во 80 земји членки на ISO, а кај 21 земја членка е во
постапка на имплементација.Овој сертификат ќе ги истакне компаниите од конкуренцијата, ќе се
намалат проблемите од незадовони потрошувачи, а исто така ќе обезбеди систем за
спогодбено решавање на евентуалните спорови помеѓу потрошувачите и компаниите.
Компаниите кои ќе се стекнат со овој сертификат се компании кои водат
политики за заштита на животната средина, како и политики за подобрување на
своите производи и услуги со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите.
ОПБ во текот на реализацијата на овој проект го има презентирано
сертификатот до компаниите во преспанско-пелагонискиот регион, по што со 5
компании има склучено и меморандуми за соработка. По анализата на условите кај
заинтересираните компании за стекнување со овој сертификат е утврдено дека 3
компани ги исполнуваат условите и истите ќе се стекнат со овој светски препознатлив
сертификат, тоа се: “Голем Извор“ ДООЕЛ Битола, “Бисерка“ ДОО Битола и “Афион
Продукција“ ДОО Битола, вели Снежана Димитровска,  претседател на Организација на потрошувачите на Битола.Компании кои се заинтересирани за стекнување со сертификатот може да ја
контактираат организацијата, за отпочнување на процес на проценка и верификација
на критериумите во нивните компании.

На 19.12.2018 година во хотел Холидеј Ин Скопје пред 46 компании од
Македонија и надлежните институции за примена на Законот за заштита на
потрошувачите, беше претставен и софтверот со кој ќе се стекнат верифицираните
компании за правилна имплементација на ISO 26000.Овој проект е насочен кон помаѓање на компаниите во имплементацијата на
новите барања во заштитата на потрошувачите, согласно Спогодбата за
стабилизација и асоцијација потпишана помеѓу РМ и ЕУ, каде потребна е поголема
хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ.

More from ВестиMore posts in Вести »