Денес во оранизација на Клиничката болница од Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот “COMETECH“ кој е дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020.
Имено, се работи за грант добиен од Европската унија во рамките на споменатата програма во кој Клиничка болница од Битола е еден од 5-те партнери. Водечки партнер е Александар технолошки и образовен институт од Солун, како и Општата болница од Велес и лекарската комора на Солун.
Содржински се работи за проект за превенција и дијагностика на дијабетот и неговите последици.
Во рамките на овај проект Болницата ќе добие со вредност од 47.000 евра, 12 софистицирани дијагностички апарати меѓу кои со најголема вредност е неинвазивна офталмолошка камефа за испитување на фундус.
Со оваа апаратута ке се врши бесплатен скрининг на 200 пациенти од општината целна група одбрана од лекарскиот проектен тим.






