Press "Enter" to skip to content

Тодоровиќ неочекувано тргна со победа во гости со Пелистер

Охрид – Пелистер 69:77

Спортска сала “Билјанини извори“

Судии: Павлов, Терзивски и Лазов

Охрид: Милојевиќ 11, Доневски 5, Бојовски 2, Младеновиќ 10, Миладоновиќ 16, Зафиров 9, Кил 9, Ценовски 5, Атанасов 5, Двојаковски 2, Димитриев, Косковски.

Пелистер: Билер 32, Арсовски 10, Харис 18, Атанасовски, Голубовиќ 9, Трајковски, Трсунов, Горгиевски, Давков, Илиевски, Талевски 2, Захариевски 6.

Иако со песимизам кошаркарите на Пелистер заминаа за Охрид, сепак на ова гостување на последната средба оваа година ја забележаа првата победа на терен, под водство на новиот тренер Зоран Тодоровиќ, кој исто така пред натпреварот не беше убеден во победа.

Кошаркарите на Пелистер уште во првата четвртина го најавија изненадување на ова коло, кога завршија со +6 (13:19), а по втората четвртина на одмор заминаа само со +2 (35:27), а во неа имаа – 4 (22:18).

Продолжението во третата четвртина резултатски беше како првата +4 за Пелистер, а во последната четвртина ја заверија поведата над фаворитот Охрид со конечни 69:77.

Најефикасен во екипата на Пелистер беше Билер со 32 коша, а тој одигра и комплени 40 минути на паркетот, без замена.

Оваа е втора победа на Пелистер оваа сезона, но прва на терен, бидејќи првата ја добија службено против Шкупи.

More from БитолаMore posts in Битола »