Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривични за арамии, напад на полицаец и запленување на 52.000 петарди

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Д.О. (33) и О.Е. (20), двајцата од Битола за сторени две кривични дела “тешка кражба”. Пријавените во продавницата на улица “Битолска” до Демир Хисар со употреба на подесен алат делувале на влезната врата, влегле внатре и одзеле поголема количина цигари, ваучери за мобилен телефон, персонален компјутер и други предмети. Исто така во продавницата во село Сопотница пријавените, на идентичен начи влегле внатре и одзеле персонален компјутер, пари, поголема количина на цигари и батериска ламба. Со извршените кражби пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 295.000 денари.   

Вчера околу 20,10 часот на влез во Битола, кај место викано “Дулија“, додека полициски службеник преземал мерки поради случена сообраќајна незгода, физички бил нападнат од учесникот во незгодата Б.Р. (40) од Битола. Б.Р. е приведен во полициска станица Битола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кај Р.Е. (29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52 илјади парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3.000 распскувачки материи, динамит и друго. По целосно документирање на случајот против двете лица кај кои се пронајдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

More from ВестиMore posts in Вести »