Press "Enter" to skip to content

Вратени парите на средношколците за превоз

По направените анализи и утврдување на приложените сметки, Општина Битола деновиве изврши исплата на средствата на учениците од средните училишта кои користеа превоз за посетување на настава во периодот од почетокот на оваа учебна година.

На учениците кои поседуваа уредна документација (барање со фотокопија од лична карта на родител, фискални сметки, потврда за посета на настава од класен раководител), им беа рефундирани средствата за превоз, согласно донесената одлука во Советот на Општина Битола.