Press "Enter" to skip to content

Битолските занаетчии го прославија својот заштитник, Свети Спиридон (фото)

Занаетчиите од Битола по 37. пат ја продолжија традицијата да го слават својот заштитник Свети Спиридон, во ресторанот “Император“, а се беше во организација на здружението на занаетчии “Св. Спиридон“ и Регионалната занаетчиска комора.По црквените обичаи кои во име на сите занаетчии ги направи стариот кум, сите занаетчии се собраа на посна трпеза, која ја благослови Владиката Петар, а претходно сите ја вкусија и пченицата подготвена за нивната слава.

Кум, кој  ја организира прослава на занаетчиите беше Јован Станковиќ, сопственик на пекарата “Церера“ од  Битола.-Голем број на занаети во Битола се изумрени. Ако порано во Занаетчиската комора биле регистрирани над 1.600 занаетчии денес нивната бројка е помалку од 500, рекоа од Регионалната занаетчиска комора, а нагласија дека од година на година се менува структурата на занаетите, сега нови занаети се водат под име перални за коли, средување на нокти, стилисти и слично, а додека бројот на старите занаети се намалува под налетот на модерната технологија која тие не можат да ја следат.Тие додаваат дека и во иднина преку бројни активности ќе настојуваат да го зголемат интересот за занаетчиството кај младите, а со тоа Битола да го сочува обележјето кое го има Старата чаршија.