Press "Enter" to skip to content

Ресторанот “Лозар Винарска визба“ со новогодишните забави го потврди квалитетот

-За овој период  колку што работиме го испитавме пулсот за тоа каква храна да им понудиме на гостите и секако по кои цени. За поединците, за малите друштва или за оние кои ќе дојдат тука предновогодишно да се забавуваат имаме подготвено одлични мениа, а мислам дека секој може да се определи за што ќе се одлучи. Секако за поголем број на гости стоиме на располагање за дополнителни измнени на менито, по нивно барање. Сите гости кои ќе бидат во нашиот ресторан имаме обезбедено да ги забавува реномиран оркестар, вели менаџерот на Ресторанот “Лозар Винарска визба“, Оливер Митревски и додава: -Сите сме подготвени за новогодишните и божикните празници на битолчани и на сите намерници да им понудиме добра храна, услуга и забава, а според тоа како се прават резервациите сметам дека сме им погодиле вкусот на нашите гости. Секој ден до најлудата ноќ сме резервирани, а има уште малку слободни места за дочекот на најлудата ноќ.

Секогаш кога ќе се спомене расторан на прво место е храната, за која гостите велат дека нема отстапување во квалитет и количина. За храната е задолжен младиот готвач, Влатко Митревски. Тој за храната која ја подготвуваат и сервираат за гостите додава:-Најтешко во ресторан е да ги погодите вкусовите на сите гости, а ние тука во ресторанот “Лозар Винарска визба“ тоа лесно го направивме. Се трудиме да им излеземе во пресрет на сите гости, а тие нашите напори ги препознаваат, не фалат и пак се враќаат да ги вкусат истите вкусови или пак да им подготвиме нешто ново. Посебно сум горд на мојот тим бидејќи освен пофалби, од менаџерот и келнерите не ми се пренесени никакви забелешки за храната. Но, ние не застануваме тука и не се радуваме многу на пофалбите. Ние и понатаму ќе се трудиме храната која ја нудиме од месо на скара, риба или морска храна да биде подготвена по сите стандарди и да биде по мерак на гостите.

На ова се надоврзува менџерот Митревски:

-За овој период повеќе околу 15-тина месеци како работиме, можам слободно да кажам дека е вложено многу во секој поглед, од секој кој е вклучен во работата на ресторанот. Но, нас не радува дека гледаме дека тоа што сме го вложиле ни се враќа. Гостите се задоволни, имаме постојано гости кои редовно се тука, а потврда на сето тоа за мене се предновогодишните забави, за кои гостите велат дека одлично си поминуваат. Кога некој ќе ви го каже тоа, не ви останува ништо другу освен да продолжите да работите со уште поголем елан. Кога го запрашавме поради што гостите се враќаат тука, тој брзо одговори:

-Веднаш ќе ви кажам. Тоа е што имаме константно квалитетна храна, одлична услуга, надополнето со наши вина кои ги служиме со храната. На сето кога ќе споменам дека имаме пристојни цени. Мора да кажем дека имаме одличен топол амбиент во ресторанот кој нуди сместување на парови или поголеми друштва. Ако додадам дека имаме и сопствен бесплатен паркинг, тое би било заокружување на целокупната понуда која може да ја понуди секој сериозен ресторан.

More from ВестиMore posts in Вести »