Општина Битола ја соопшти програмата за организираниот пречек на Новата 2019 година на плоштадот “Магнолија“, а во новата, во понеделник на 31 декември, битолчани ќе влезат заедно со програмата насловена “Кафана Широк Сокак“ во која ќе учествуваат групата “Боеми“, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска – Илиевски.
Претходно од 21 часот на “Магнолија“ ќе бидат Ди-џеј Христијан Ѓаковски, “Силви бенд“, и Сефедин Бајрамов. Пред нив ќе има детска програма.
Организирана програма ќе има и во недела на пладне на 30 декември.






