Press "Enter" to skip to content

Реотворена експозитурата на Стопанска банка АД Битола кај Саат кулата (фотогалерија)

Од денес битолчани ќе можат своите трансакции да ги извршуваат на старото место, во експозитурата на Стопанска Банка АД Битола, која се наоѓа кај Саат кулата, во центарот на Битола.Експозитурата, која подолго време не работеше поради комплетната реконструкција сега е реотворена и е целосно ребрендираната експозитура на Стопанска банка а.д. Битола, на локација Стара Зграда – Битола.На денешното реотворање присутсвуваше претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски, кој рече:-Иако подолго време траеше реконтрукцијата на оваа зграда, сега со задолство можам да кам дека се е завршени и задржан е стариот изглед на екпозитурата и на зградата во целост. Се надеваме дека ќе поттикнеме и останатите згради во околината ќе го направат истото за да се зачува автентичниот изглед на градните во Битола, на центарот, на Широк Сокак. Ова сакаме да биде мал подарок за битолчани, и да порачаме дека Стопанска Банка АД Битола не ја заборави Битола.Претседателот на Управниот одбор д-р Владимир Ефтимоски рече дека за сите битолчани кои ќе се вратат во оваа екпозитура, која броеше во еден момент најголем број на клиенти, Банката ќе ги награди со соодветен подарок, а ќе има и подароци и за Битола.

[ngg src=”galleries” ids=”244″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »