Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за немилите настани по натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер од Битола во салата “Билјанини Извори“.
Имено, на двaта клуба им е изречена парична казна од по 45.000 денари, а суспензии добија и актерите во инцидентот Крсте Андоновски и Дејан Манасков.
На помошникот на Ројевиќ му е изречена дисциплинска санкција од забрана за настап на три првенствени или Куп натпревари, додека „подебелиот“ крај го извлече крилото на шампионот.
Дејан Манасков доби суспензија од три месеци, што значи дека за него полусезоната е завршена, а нема да настапи ниту на првите натпревари од плеј-офот.






