Оваа сабота, на 13 декември, “BV Business Group” го најави доаѓањето на Новата 2026 година со забава за децата на вработените.
Настанот започна со пишување писма до Дедо Мраз, по што следуваше настап на членовите на фолклорниот ансамбл “Битола” кои потсетија на важноста на традицијата преку македонските песни и ора.
Во продолжение на програмата следуваа настапи на дел од изведувачите на детските фестивали во нашиот град кои неколку децении претставуваат платформа за откривање и развој на млади музички таленти.
За крај Дедо Мраз на дечињата им додели заслужени новогодишни пакетчиња.
–Среќата на вработените и на нивните семејства секогаш била и ќе остане еден од клучните приоритети на групацијата. Тоа посебно се однесува на нивните деца, кои можеби еден ден ќе бидат дел од новите генерации што доаѓаат во компанија со визија како нашата, потенцираа од менаџерскиот тим на “BV Business Group”.

Новогодишен настан на „BV Business Group“ посветен на децата на вработените
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





