-Инцидентот се случил во семеен дом во Битола, а осомничениот бил уапсен два дена подоцна по пријава во полиција.
36-годишен битолчанец заврши во притвор откако, според полицијата, украл пари од семеен дом, а при обид да избега физички го нападнал сопственикот и употребил остар предмет.
Како што информираат од СВР Битола, осомничениот бил уапсен на 17 декември, по претходна пријава дека два дена претходно, на 15 декември, влегол во домот на 34 годишник во Битола и одзел пари.
Во моментот кога бил затекнат од сопственикот, осомничениот се обидел да побегне, но притоа физички го нападнал сопстевеникот и употребил остар предмет, по што случајот бил пријавен во полиција.
-По приведувањето, судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена. Осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола, каде ќе ја издржува мерката. Истрагата за случајот продолжува, соопштија од СВР Битола.






